23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМагдалена Грашковска: Ќе се провериме дали функционерите на ДУИ ги прекршиле протоколите

Магдалена Грашковска: Ќе се провериме дали функционерите на ДУИ ги прекршиле протоколите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За прославата на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера, во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеа заштитни маски, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска одговори дека сите инспекторати постапуваат неселективно и вети дека така ќе биде и за овој случај.

<

„Надлежната инспекција ќе ги провери наводите дали има одредени прекршувања на протоколите и благовремено дополнително ќе бидете известени за сето она што е констатирано од нивна страна”, рече Грашковска.

Според неа, граѓаните биле совесни за новогодишната ноќ која поминала без многу прекршувања на протоколите за заштита од ковид-19. Таа очекува дека така да биде и за претстојните празници и апелира граѓаните и стопанствениците да ги почитуваат мерките.

„Да празнуваме одговорно, во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања. Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, рече Грашковска, која денеска ги презентираше податоците за спроведените контроли од 28 декември до 3 јануари.

Во овој период, седумте инспекциски служби извршиле вкупно 5718 надзори и контроли.

Во однос на палењето бадникарски огнови што традиционално се организираат на 5 јануари навечер, потсети дека е сè уште во сила мерката за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни простори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...