20.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР постапува по случајот со снимката од насилници во автобус на ЈСП...

МВР постапува по случајот со снимката од насилници во автобус на ЈСП од кои било побарано да носат маски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата постапува по случајот со двете лица кои во автобус на ЈСП реагираат насилно и им се закануваат на патниците, откако им било посочено да стават маски на лицето. Видеото попладнево осамна на социјалните мрежи, но засега нема информации кога е снимано, ниту пак на која линија сообраќал автобусот во моментот.

<

На него се гледаат две лица со маски под брадите како агресивно реагираат кон останатите патници. “ЌЕ ТРЕБА НЕКОМУ ГЛАВАТА ДА МУ ЈА ИСЕЧАМ”, вели еден од нив на почетокот на видеото.

„Значи маска, абе нема држава, ќе работи државата за мене и полиција. Немој госпоѓо… Ќе те носам у киселина, ќе те топам, не знаеш со кого имаш работа…“

Според објавеното, заканите следуваат откако лицата биле предупредени да стават маски додека се во автобусот.

“Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима”, се вели во статусот објавен на Твитер.

Ние сме верници, вие не сте, вели еден од нив, продолжувајќи го вербалниот конфликт со остантите патници. Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи попладнево, со осуда кон агресивните патници.

Од МВР соопштија дека се запознаени со инцидентот и дека работат на расчистување на случајот.
сител

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

Вчера се навршија шест месеци од пожарот во таканаречениот клуб Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, помеѓу кои и шест...

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда

Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од...

Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!

Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на...

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...