19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаКолев:  Да го запалиш знамето на земјата која ви даде државјанство и...

Колев:  Да го запалиш знамето на земјата која ви даде државјанство и ве спаси од глад и мизерија е невоспитано

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена држава, да го направиш на тој или претходниот ден после 29 години, е повеќе од јасна порака.

<

Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца, дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано.

Проблемите и нерешените прашања се решаваат, но комшиите и роднините остануваат.

Жал ми е што ова се случи, се надевам дека сфаќаме како општество колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и каква навреда е тоа. Ни се случувало многу пати да гори и македонското знаме, но за волја на вистината никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга етничка припадност.

 

Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска, бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носиме срамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки.

Искрено и човечки се извинувам на секој роднина и комшија, граѓанин на Бугарија за оваа постапка. Ова е навредливо пред се за мене, па после и за секој Бугарин каде и да живее во светот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...