6.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Аеродром: Нашата општина прва постави европско знаменце

Градоначалникот на Аеродром: Нашата општина прва постави европско знаменце

Општина Аеродром изготви четиригодишна стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Со ова Општината се надоврзува на стратегиската рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“ и со сите регионални движења во рамки на Европската Унија.

„Стратегиската платформа што ја донесовме за следните 4 години ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Продолжуваме да инвестираме за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, чиј претставник е тука со нас денеска. Ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со интернационални асоцијации и здруженија, со институциите и граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина. Подобар квалитет на живот за сите наши жители“, рече Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром на официјалната промоција на Платформата.

Раководителот на секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во РСМ, FreekJanmaat, ја поздрави платформата на Општина Аеродром и во име на Делегацијата изрази подготвеност за, како што рече, стимулирање на процесот на децентрализација на локалната самоуправа, која се смета за една од најважните вредности во Европската Унија.

Стратегијата предвидува соработка со домашни и меѓународни партнери за реализација на заедничките цели, како и учество во меѓународни програми за поддршка на локални самоуправи. Предвидено е воведување нова европска, системски базиранаметодологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината. Ќе продолжат инвестициите во поквалитетно образование – ќе се обезбедат смарт табли и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште, во соработка со Скопскиот плански развоен регион и Светската банка.

Модернизацијата е посебна програмска цел на ЕУ иницијативата „EuropeanSustainable Cities“, која Општина Аеродром ќе ја реализира со поддршка од Transformative Actions Program (TAP). Општината ќе партиципира во EU Urban Mobility програмата за да ги зајакне своите локални капацитети и да обезбеди пристап до климатски финансии. Меѓу многуте проекти за реализација во платформата, Општината ќе изработи семејна апликативна картичка „Family Aerodrom“ која ќе обезбедува низа поволности, можности и вклучување на жителите во општински проекти. Општината, во соработка со локални здруженија на граѓани, ќе креира и мрежа (HUB) сервис на услуги за сите жители.
скопје инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.