16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Ни фалат само тројца пратеници за да имаме мнозинство во собранието...

Николовски: Ни фалат само тројца пратеници за да имаме мнозинство во собранието за спречување на оваа влада…

spot_imgspot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител освен на средбите со премиерите од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски, се осврна и на актуелната ситуација и актуелните теми во земјава како пописот.

„Пописот е многу важна операција, а власта сака да прваи политички попис. Ние дадовме шанса заеднички да усогласиме текст ни еден амандман не се усвои. Очекуваме Пендаровски да не го потпише законот, ако тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе поднесе иницијатива до министерството за правда да се соберат потписи, минималната бројка е 10 илјади, но мислам ќе има многу повеќе“, рече Николоски.

На прашањето дека сепак во Собранието ќе биде потребно мнозинство за нов закон Николски рече:

„Мислам дека возможно е да се обезбеди мнозинство требаат три пратеници. Стојам на тоа што сум го кажал за соборување на оваа влада, а тоа е влада за национален спас, тоа не помина и сега треба да се оди на нејзино соборување зошто немаат капацитет за ништо. Најдобар доказ дека им виси мнозинството е тоа што не можат да соберат кворум за да одржат седница. Еве веќе два месеци има интерпелација за Никола Димитров и не се става на дневен ред. Координаторот на СДСМ рече кога би се ставила на дневен ред СДСМ нема да учествува на расправата, што значи се плашат дека дека некој можеби би гласал Димитров да не е вицепремиер“, рече Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...