3.9 C
Ohrid
вторник, декември 24, 2024
ПочетнаМакедонија91 годишна бабичка од Кичево прелажана: Им ја дала куќата да се...

91 годишна бабичка од Кичево прелажана: Им ја дала куќата да се грижат за неа, на крајот останала без ништо

spot_img

91 годишната Нафије Салиу од Кичево останала сама и без услови за живот, пишува TV21https://mk.tv21.tv/91-godishna-zhena-izmamena-i-vo-golema-maka-im-ja-dala-kukata-da-se-grizhat-za-nea-no-ostanala-bez-nishto/. Откако нејзиниот сопруг ја напуштил пред неколку години и оставил куќа во градот и имот во село Туин.

На Нафије во 2013 и се понудило едно семејство со изговор дека ќе се грижат за неа доколку таа им ја даде куќата и земјиштето кое го поседува. Среќна дека нема да го помине остатокот од животот сама и без грижа, прифатила да им даде се што поседува. Но нештата добија друг правец бидејќи Нафије останала без куќа и без грижа бидејќи, како што вели таа, откако им го дала целото богатство за подобар живот, останала без куќа и без ветената грижа. Живее сама и во мизерни услови, а за нејзе се грижат неколку соседи.

„Куќата е моја, тој ми кажа дека ќе ми ја земе и ми ја зема. Му реков немој, ми рече што ти треба тебе. Ме оставија сама. Немам ни син, ни ќерка, ни сестра, ни брат, тројца браќа ми починаа, гледате дека сама сум“, вели Нафије Салиу.

 

91 годишната госпоѓа се чувствува измамена бидејќи лицето и го земале богатството, а не се грижат за неа како што ветил.

„Тој ме излажа, ми рече дека ќе се грижи за мене и јас се излажав, стара жена сум, мислев дека ќе живеам подобро. Ме лажеше додека потпишав, сирота јас“, посочи Нафије Салиу. Таа вели дека нема ништо и се плаши дека ќе биде избркана од куќата и ќе остане на улица.

„Жената цело време ми велеше, ти немаш ништо, излези од овде, ја прашав каде да одам, ми кажа излези од тука. Немам каде да одам“, додава Нафије Салиу.

Остатокот од текстот прочитајте го со клик ОВДЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети: ДУИ е ураган, не прифаќаме Македонците да бидат аги, а ние да бидеме слуги

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме...

Градот Тетово не е украсен за Нова Година-Општината немала пари.

Градот Тетово не е украсен за Нова Година. Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека празниците немаат ништо со верскиот аспект ниту националниот туку...

Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат

Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку...

Високи гости од Турција во посета на општина Охрид

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска...