20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСоветот на чело со градоначалникот одлучија: Нови 32 вработувања во општина Охрид...

Советот на чело со градоначалникот одлучија: Нови 32 вработувања во општина Охрид !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владејачкото мнозинство во Советот на општина Охрид, предводено од СДСМ, денеска го изгласа предлогот на градоначалникот Константин Георгиески за нови 32 вработувања во општината.

<

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот однос на градоначалникот го нарекоа крајно потценувачки и срамен, бидејќи во услови на тешка економска криза, стопанство на колена, зголемен процент на невработеноста во Охрид, се реализираат нови вработувања кои граѓаните ќе ги чинат над 200.000 евра на годишно ниво

– За партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. Наместо да се зафати со ВИСТИНСКО спроведување на препораките на УНЕСКО и овие средства да ги намени на отстранување на диви градби (јасно е дека средствата одобрени од Влада се симболични) и финансирање на ДУП-ови за да не никнуваат нови диви градби, тој ќе вработува. Малку му се 250 вработени, па ќе вработува телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци, посочија од партијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...