15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица: Наставник по физичко стана директор на Центар за култура во Струмица,...

Левица: Наставник по физичко стана директор на Центар за култура во Струмица, а конкурирале дипломирана актерка, дипломиран за културен менаџмент…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Партизираноста во сите пори на општеството, изразена преку синтагмата „од хигиеничарска до директор“, власта ја продолжува и во доменот на културата. Актуелниот директор на ЈГДУ „Детска радост“ од Струмица – Васил Бубев е избран за прв човек на НУКЦ „Антон Панов“ од Струмица. Бубев е именуван од страна на министерката за култура Ирена Стефоска, а според нашите сознанија, Бубев веќе го добил решението со кое се назначува за директор на оваа установа, се вели во соопштението на Левица.

<

„Особено е скандалозна ваквата одлука што за оваа позиција, покрај претходно споменатиот Васил Бубев – кој е наставник по физичко воспитание – аплицирале и кандидати меѓу кои и културен менаџер со мастер студии на УНЕСКО катедрата за културен менаџмент при Универзитетот за уметности во Белград и десетгодишно искуство со проекти во полето на културата; и културен деец – дипломирана актерка, со две децении официјален работен стаж и 30 годишно искуство  во истата културна институција за која се бираше директор, што значи добро запознаена со проблемите на Центарот за култура. Сепак, Министерството за култура т.е. министерката Ирена Стефоска за прв човек на оваа културна институција го избра најнекомпетентниот кандидат за една ваква позиција, кој евидентно е веќе добро упатен во партиските протоколи. Како наставник во основно училиште, ставен е на позицијата директор во градинката „Детска радост“ (од каде неофицијално заради проневери е тргнат), а сега е унапреден и на позицијата директор на НУКЦ „Антон Панов“ од Струмица.

Контроверзите на оваа струмичка институција не се нови. Имено, досегашниот в.д. директор на НУКЦ „Антон Панов“ Ванчо Ристов незаконски бил реизбиран седум пати, за со петиции да се извојува распишување на конкурс за избор на нов директор. И покрај сé, очигледен е непокорот на струмичките уметници кои даваат отпор дури и во најсилниот бастион на владејачката партија СДСМ“, се вели во соопштението на Левица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...