19.3 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаКлеленерите да се вакцинираат во првите за да имаме богата и успешна...

Клеленерите да се вакцинираат во првите за да имаме богата и успешна туристичка сезона…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Угостителските и хотелските работници да имаат приоритет при вакцинирањето против Ковид 19, е главното барање на хотелиерите на денешната средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

<

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески смета дека на тој начин ќе се покаже дека земјата е безбедна туристичка дестинација, каде гостите ќе се чувствуваат безбедно и да имаме успешна туристичка сезона.

– Со вакцинацијата на вработените во туристичкиот сектор ќе се даде слика дека ние сме безбедна дестинација и во сезоната 2021 секој гостин, домашен или странски да се чувствува безбедно. Што поскоро да се донесе вакцината и да се почне со вакцинирање, порача Блажески.

На средбата, посочи Блажески, е побарано да се дополнат протоколите за поголема безбедност на гостите.

– Безбедносните мерки околу протоколи за собите постојат, но да бидат направени побезбедни. Покрај дезинфекција на собите да се прави и озонирање, како и вакцинација на вработените, кои треба да го прават тоа секојдневно. Потребен е и посебен кол центар каде доколку има гостин со симптоми ќе може да се јави и да добие соодветни инструкции. Сакаме да најдеме начин и како да направиме служење на храната со шведска маса, нагласи Блажески.

Мотото на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, според директорот Јаневски, е да ја прикажеме земјата како сигурна дестинација и сигурно патување и можноста да се даде приоритет при вакцинирањето и на хотелските работници со цел уште повеќе да ги увериме странските туристи дека возможно е Македонија да биде сигурна дестинација за лето 2021 година.

– Работиме на усогласување на одредени протоколи и нивно подобрување со цел Македонија да биде сигурна дестинација за лето 2021 година. Сертификатите и протоколите ќе бидат дополнително нормирани со сите протоколи во Европската унија. Со ХОТАМ ќе работиме на подобрување на одрддени елементи во работењето на угостителско – хотелиерскиот сектор. Дополнително ќе се потрудиме во 2021 година да имаме подобри резултати од 2020, изјави Јаневски.

Владата, нагласи тој, создаде зелени коридори кон Србија, Албанија, Косово и Турција, за кои нема потреба од ПСР тестови и тие слободно може да влегуваат во нашата држава, но рестрикциите од страна на ЕУ и уште позатегнатите протоколи за патување во првиот квартал за 2021 година не даваат оптимистички резултати.

– Очигледно дека вакцината е релативизирање на состојбата и се надеваме дека во многу брзо време ќе почне имунизацијата кај нас, истакна Јаневски, додавајќи дека од средината на март ќе почнат со промотивните активности за 2021 година.

Приоритет за 2021 година, посочи Јаневски, е создавање услови за зелени зони и со Холандија, бидејќи за Охрид е многу значајна.

– Очекувам дека од мај ќе поченеме со туристи од регинот што ќе треба да не посетат. Колку ние да сме спремни се додека Европа не одлучи дека нејзините граѓани можат да патуваат во трети земји надвор од Унијата, до тогаш ќе имаме потешкотии со враќањето на туристите во нвините матични земји со карантините од 7 и 14 дена, како што е во моментот, рече директорот на АППТ.

Враќањето на линијата Атина – Скопје од 15 февруари, и најавата за уште неколку авиолинии од одредени дестинации, му даваат надеж дека за одреден временски период ќе се стабилизира поврзувањето на одредени дестинации со авио-линии.

Во текот на 2021 година очекува 60 до 65 проценти гостите да бидат домашни, додека 30 до 35 регионални и странски туристи.

= Очекувам дека ќе ја поминеме бројката од два милиони ноќевања и дека ќе имаме уште помал пад во девизниот прилив, споредбено со 2019 година. Во првите три квартали од 2020 споредбено со 2019 година падот во дезивниот прилив, или импактот во македонскиот туризам е 41 отсто, рече Јаневски.

Според одредени податоци од Агенцијата за вработување во туристичкиот сектор има меѓу 5 и 8 илјади вработени, но со дополнителните гранки околу 15 до 20.000.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Славески: Глупаво е прашањето дали сум земал 3.000 евра плата, па јас имам 40 години стаж !!

400 евра за граѓаните, 3000 евра за гувернерот? Новиот гувернер на Народна банка, Трајко Славески, ја брани својата плата од околу 3000 евра со аргумент...

По три месеци тишина, тага и неизговорени зборови, Наум Петрески собра сила да проговори за заминувањето на неговиот најблизок пријател Андреј.

По три месеци тишина, тага и неизговорени зборови, Наум Петрески собра сила да проговори за заминувањето на неговиот најблизок пријател Андреј. Не можеше да ги...

Трајко Славески со бесплатен совет: Не е срамота да работите по 2, 3 работи- со минимална плата секаде е тешко !!

Новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека се извртело значењето на минималната плата. Според него, таа не...

Се роди Сара: Апасиев денес стана горд татко.

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави дека добил ќерка. „Се роди Сара“, купо напиша Апасиев. Луѓето му честитаат, а...