-2.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев се сретна со средношколците: Ние како влада водиме грижа за квалитетно...

Заев се сретна со средношколците: Ние како влада водиме грижа за квалитетно образование и напрдок.

Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија, рече премиерот Зоран Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци во Владата.

На средбата, информираат од владината прес-служба, средношколците, како претставници на Сојузот му ги образложија на премиерот Заев своите барања, повикувајќи се на образовните модели во Франција, Белгија и Обединетото Кралство, каде е намален бројот на предмети, кои матурантите ќе ги полагаат годинава.

Сослушувајќи ги претставниците на Сојузот на средношколци, кои истакнаа дека остануваат на своите барања за намалување на предметите за државната матура на два екстерни предмети, премиерот Заев изрази поддршка на младите средношколци и истакна дека Владата е отворена низ дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование.

Тој истакна дека процесот за барање на некое решение не треба да биде на штета на матурантите и на средношколците.

-Како што му кажавме и на премиерот ќе се трудиме до крајот на февруари да имаме одлука и да ја завршиме целата дискусија во јавноста за државната матура. Ако до крајот на февруари немаме решение во однос на државната матура тогаш со шатори ќе кампуваме пред Министерството за образование и наука. Тоа го утврдивме пред два дена и ќе го направиме ако нема компромис и волја од страна на Владата и Собранието за што побрзо да се најде решение за државната матура. Ако не се најде решение до крајот на февруари ќе кампуваме од 1 март и ќе има многу притисоци и од амбасадите. Затоа е неопходно да се најде некое решение и да бидат прифатени голем број на нашите барање. Како Сојуз на средношколци сме децидни во нашите барања, но сме и отворени за да најдеме компромисни решенија, рече Ходаи.

Сојузот на средношколци бара наместо четири да се полагаат два предмета за државната матура од кои еден ќе биде мајчин јазик, а вториот по избор на матурантот во зависност од намерата на кој факултет сака да го продолжи образованието. Актуелното решение предвидува да се полагаат четири предмети за државна матура за целиот материјал во изминатите четири години од образованието.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...