12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПартениј: Да не се прави „теологија“ од вакцинирањето, ова прашање не е...

Партениј: Да не се прави „теологија“ од вакцинирањето, ова прашање не е во надлежност на црквата, туку на медицината

spot_imgspot_img

Сосема е непотребно да се прави некаква си „теологија“ за вакцинирањето, а проблематиката за вакцините не е во надлежност на Црквата, туку е работа на научните медицински институции.

Ова го порача Епископот Антаниски, г. Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител, во интервју за МИА.

Вакцинирањето против Ковид-19 е актуелно изминатиот период, земјава е во очекување на првите вакцини, властите најавија и јавна кампања за подигање на свеста за потребата од вакцинирање, но неретко на социјалните медиуми се шират објави со негативна, дури и верско апокалиптична конотација за вакцините против короната. Во разговорот со Партениј не истересираше што ќе им советува нашата Црква на верниците, со оглед на тоа што МПЦ-ОА досега јавно не излезе со став за вакцинирањето, а слушнавме изјави на архијереи од други помесни цркви, кои тоа го одобруваат, но и спротивни мислења. Неодамна и вселенскиот патријарх Вартоломеј јавно кажа дека ќе се вакцинира.

– Мислам дека како Црква кон ова прашање треба да се поставиме со расудливост, со пастирска грижа за ближните, а не со радикалност и фанатизам. Пред сѐ, проблематиката со вакцините принадлежи не на Црквата, ами на научните медицински институции и работници, коишто вршат испитувања и изведуваат научни докази за нивната полезност или штетност. Сосема непотребно е да се прави некаква си „теологија“ за вакцинирањето. Проблемот е чисто научнички, а Црквата како заедница на верните отсекогаш ги поттикнувала и развивала позитивните научни сознанија и ги инкорпорирала во своето живеење, нагласува Партениј.

Вели за Црквата најважна е соборноста и соборните, синодски одлуки и ставови, а не индивидуалните мислења на одделни архијереи, свештеници и духовници, коишто може да се беспрекорни во својата духовничка дејност, но не и експерти по медицина.

– Исто така, се забележува и манипулирање со добри и познати духовници, кои поради недоволно познавање на темата и наговорени од некои квази-зилотски струи, истапуваат со јавно мислење, зборуваат против медицинските пронајдоци, потпаѓајќи под влијание на теориите за заговор, додава тој.

Партениј ги споменува благодетите кои човештвото ги имало од медицинската професија, благодарение на која се избавило од многу тешки и страшни страданија.

– И медицината е наука во која се пројавува дејството на Божјата благодат и просветление. Така, на пример, и основоположникот на вакцинацијата, кој со своите научни откритија и вакцината против антракс и беснило спасил неизмерен број животи, Луј Пастер, бил длабоко побожен Христијанин. И денес многу доктори и научници, и во странство и кај нас, се добри и посветени верници, дел од Црквата која во себе вклучува членови од сите професии и општествени кругови, коишто не би дозволиле да им се случи некое зло на нивните ближни, вели Партениј.

Додава дека за жал понекогаш во Црквата има клирици и верници кои со фанатизам гледаат на работите што се надвор од нивниот домен, а некои, како што вели и „јавно искажуваат злорадост за нечие страдање – што, секако, нема допирна точка со учењето на Христа“.

– За некои мерило на нивната вера како да е осудата на другиот, место мерило да бидат делата на аскезата. Затоа, ќе повторам, најважна од сѐ е соборноста и нејзиното почитување. Соборноста е критериум за исправноста на нештата, нагласува Партениј и додава дека лично за него доколку докторите сметаат дека е потребно и безбедно да се вакцинира, тогаш тоа ќе го стори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...