16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНа човек да не му се верува: Полицијата пронајде хероин во Арачиново....

На човек да не му се верува: Полицијата пронајде хероин во Арачиново. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во с.Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени 2 полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, 1 полиетиленска ќеса хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана…

<

Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во с.Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени 2 полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, 1 полиетиленска ќеса хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана, 8 куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка. Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и по член 396 од Кривичниот законик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...