13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМвр ги пронајде сите кои имаа купено возачки дозволи !!

Мвр ги пронајде сите кои имаа купено возачки дозволи !!

Министерството за внатрешни работи тврди дека се повлечени сите „купени“ возачки дозволи кои до сега беа издадени од петтемина обвинети полициски службеници кои ги изработиле со лажни податоци.

МВР веќе објави дела во периодот од 26 ноември 2019 до 19 мај 2020 година, поттикнати од останатите обвинети, тие пополнувале барања за издавање возачка дозвола во кои внесувале невистинити податоци, ги пуштале во процедура, вршеле одобрување и издавале возачки дозволи. На овој начин тие им овозможиле на подносителите да се стекнат со возачки дозволи од Б категорија, иако не ги исполнувале условите за тоа, односно немале положено возачки испит.

Петмина од обвинетите од пред десетина дена се товарат за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, додека останатите 31 за поттикнување во извршување на делото.

Петтемина обвинети се суспендирани во Одделението за управни работи Скопје кое делува во зградата на МТВ, Секторот за управно надзорни работи и Одделот за граѓански работи, потврди портпаролот Тони Ангеловски.

„Нормално дека службените лица веднаш се суспендирани. Сега кривично ќе одговараат, за делото за кое се обвинети, им се закануваат неколкугодишни затворски казни. Незаконските возачки исправи се најдени до една. Кривична одговорност за кршење на оваа најстрога забрана ќе понесат секако и сопствениците на незаконските исправи. Заедно сите ја довеле во опасност безбедноста на граѓаните во сообраќајот“, вели Ангеловски, кој воедно е и помошник-министер за внатрешни работи.

Тој вели дека и натаму се проверува да не има уште вакви лажни возачки исправи направени како од сега веќе обвинетите пет вработени, така и од други нивни колеги.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...