11.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаОд Левица го обвинуваат премиерот Заев за бегството на Сашо Мијалков

Од Левица го обвинуваат премиерот Заев за бегството на Сашо Мијалков

spot_imgspot_img

Фејзбук статус на ЛЕВИЦА.

ЗАЕВ Е ДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА БЕГСТВОТО НА НЕГОВИОТ ПОБРАТИМ МИЈАЛКОВ
Бегството на главниот и одговорен организатор на криминалите од времето на Груевски и екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, воопшто не изненадува. Напротив, ова е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Заев и СДСМ се во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои пак Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“.
Повеќе од јасно е дека ова не е „пропуст“ на Министерството за внатрешни работи, кое го води Оливер Спасовски. Очигледно е дека и во овој случај, како што беше случај и со претходните бегства на осудени криминалци, раководните структури на МВР се директни соучесници во исполнување на ветувањата, кои премиерот Заев ги даде на криминалците од претходниот режим. Да се потсетиме, токму зборовите на Заев беа дека од него „зло нема да видат ни Сашо, ниту пак Груевски“.Без криминалниот дел на ВМРО-ДПМНЕ не ќе беше реализирана и неуставната промена на името, за што Заев во изјава потврди дека Мијалков разговарал со осумте пратеници и ги охрабрувал да гласаат за Преспанскиот договор. Очигледно слободата за Сашо Мијалков е награда од ЗАЕВИЗМОТ за устоличувањето на Северна!
Кога станува збор за заштита и унапредување на криминалот и корупцијата, СДСМ и Заев како предводници на власта, покажаа дека сѐ што ветија – исполнија и реализираа. Но, кога се работи за ветувањата со кои ја прелажаа пошироката јавност, од нив останаа само слоганите и флоскулите со кои се служат само уште ситно поткупените партиски потрчковци и лукративни бивши шарени револуционери.
Од „живот за сите“ и „нема правда, нема мир“ – видовме само семејни тендери и партиски вработувања; тесна соработка со највисоките криминални структури; лично богатење на функционерите од власта и „бројчаникот“ кој Зоран Заев, како тогашен лидер на опозицијата, го ветуваше на партиските митинзи како регистар на украдените народни пари, кои требаа да бидат вратени во буџетот на државата. Сега остана само истиот бројчаник да се надополни со украдените пари од времето на Заевизмот како надградба на Груевизмот!
За надминување на политичката криза во која се наоѓа државата, не е доволна само ОСТАВКАТА на Владата, туку и КРИВИЧНА одговорност на функционерите од истата и формирање на преодна влада која ќе спроведе фер парламентарни избори!

ЗАЕВ Е ДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА БЕГСТВОТО НА НЕГОВИОТ ПОБРАТИМ МИЈАЛКОВ

Бегството на главниот и одговорен организатор на…

Posted by Левица on Понеделник, 22 февруари 2021

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...