22.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарски поп фрли анатема на колоната возила на Зеленски. (ВИДЕО)

Бугарски поп фрли анатема на колоната возила на Зеленски. (ВИДЕО)

Бугарски поп вчера со крст се појавил пред автомобилите од колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија и покрај масовното присуство на полицијата на рутата каде минуваше делегацијата, јавија бугарските медиуми.

Попот изрекол клетва пред колоната , извикувајќи „Анатема, Зеленски, фашистичка Украина, западни сатанисти“, стои во видеото објавено на социјалните мрежи.

Свештеното лице мавтало со големиот крст пред автомобилите на претседателот на Украина, но не успеал да се доближи до Зеленски, при што колоната поминала покрај него со огромна брзина.

Полицајците веднаш го привеле и го тргнале од патот.

Попот претходно го има нападнато и поранешниот бугарски премиер Кирил Петков со претставниците на неговата „Продолжуваме со промената“ на 6 јуни годинава, пишуваат бугарските медиуми.ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...