Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утре (среда, 24.02.2021 година) на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер, стои во соопштение од министерството за здравство.
Настанот ќе се одржи во 13:30 часот на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, каде се предвидени изјави за медиумите.