СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид
Тој, на 12.11.2020 година, во својство на службено лице во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ во Охрид, го известил Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ дека за потребите на „Градски гробишта“ неопходен им е камион кипер за транспорт на 800 бекатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа. Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренесол во дворот од својата викендичка која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противправна имотна корист од над 60 000 денари.