16.9 C
Ohrid
недела, мај 11, 2025
ПочетнаМакедонијаГеоргиевски: Ако сме им простиле на Србите, ако сме им простиле на...

Георгиевски: Ако сме им простиле на Србите, ако сме им простиле на УЧК, не гледам проблем да им простиме и на Бугарите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Eкспремиерот Љубчо Георгиевски во интервјуто за „А1он“, зборувајќи за македонско-бугарските односи, уште еднаш потенцира дека Македонија треба да ја смени перцепцијата кон Бугарија и да престане со антибугарското расположение, затоа што, според него, во минатото Бугарија била најголемиот поддржувач на Македонија, особено во 19 век. Наспроти ова, Геориевски вели дека треба да ѝ се оддаде признание и почит на Бугарија.

<

„Ако сме им простиле на Србите, кои биле три пати пожестоки окупатори на овие простори, ако сме им простиле во поновата историја на УЧК и седат во Владата, не гледам проблем да им простиме и на Бугарите. Аршинот треба да биде ист. Ако не простуваме, не простуваме никому. Треба да ја смениме перцепцијата и да признаеме дека Бугарија била најголем поддржувач на Македонија во 19 век. Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија. Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90% од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму, во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, зошто има проблемот да ја признаеме? Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија“, вели Георгиевски во интервју за „А1он“.

На прашањето за откажувањето од македонското малцинство во Бугарија, Георгиевски вели дека тоа не било ништо ново и дека Македонија и со Договорот од Преспа и со Договорот со Бугарија се откажала од малцинствата.

„Предлагам да даде гаранција дека со ништо нема да ги поддржува аспирациите на македонското малцинство во Бугарија. Повторно галама, вик, патриоти колку сакате, а не гледам зошто. Македонија во овие 30 години шест пати официјално се има откажано од малцинствата во Грција и Бугарија. Три пати во договори со Грција, уште два пати во договор со Бугарија. Ги избришале од Уставот малцинствата, веќе не знам со кои промени и конечно со последниот договор меѓу Заев и Борисов, член 11, има шест потточки со кои ние се обврзуваме дека нема да даваме никаква поддршка таму. И сега кога јас го нудам тоа, виновен сум. Ако до сега пет пати сме се откажале од нив, да се откажеме и овој пат и да им дадеме гаранција на Бугарите“, објаснува Георгиевски.

На бурните реакции во јавноста за неговите ставови, Георгиевски рече дека стои зад нив и не е проблем ако некои политичари покренат иницијатива за негово протерување од државата. Вели дека има три државјанства, покрај македонското и бугарското, но не кажа кое е третото.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие сограѓанин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство...

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу...

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...