2.9 C
Ohrid
недела, април 6, 2025
ПочетнаМакедонија28години од првата авионска несреќа во Македонија !!! (Видео)

28години од првата авионска несреќа во Македонија !!! (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Летот 301 на Palair Macedonian Airlines се урнал веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром со крајна дестинација Цирих.

<

Во авионот Fokker 100 имало 92 патника и 5 членови на екипажот од кои загинале 83, а 14 биле повредени. Пилот бил искусен 49-годишен Холанѓанец со 11.200 часови лет, додека копилотот бил 34-годишен Македонец со 5.580 часови лет кој претходно бил пилот во Jat Airways. Повеќето патници биле од Косово кои работеле во Швајцарија.

Веднаш по полетувањето во 11:11 часот авионот не успеал да ја достигне потребната висина, а причината била мраз на крилата. Временските услови биле со 900 метри видливост, но паѓало снег.

Истрагата покажала дека причината за падот биле пропусти во процедурата за одмрзнување на мразот на крилата. За мраз биле проверени само почетните делови на крилата каде бил востановен снег, кој не претставувал опасност бидејќи веќе се топел. Ниту пилотите, ниту лицата задолжени за одмрзнување не знаеле дека горивото сместено во крилата било со многу ниска температура и допринело стопениот снег да се претвори во мраз додека авионот чекал дозвола за полетување.

Фото: Aviation Accidents

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајка на маршот во Кочани: Кој ги пеплоса тие ангелски лица?!

По еден час молк, марширање, солзи и лелек, мајка на загината девојка од пред судот во Кочани постави прашање. Таа упати порака до правосудните...

ФФМ донесе одлука: ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без публика.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика....

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои...

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба...