6.9 C
Ohrid
петок, декември 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев се „здружи“ со ВМРО-НП, Демократски сојуз и ЛДП

Апасиев се „здружи“ со ВМРО-НП, Демократски сојуз и ЛДП

spot_img

Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП во Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Иницијативата наедно има и поддршка од СДСМ, иако сепак од таму велат дека ќе инсистираат на консензус при донесувањето на овој Закон, односно тоа да биде прифатливо и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Меѓу четирите пратеници како претставници на овие партии беше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Медиумите му забележаа дека останатите три партии се дел од коалицијата на владеачкото мнозинство, но тој вели дека во ваква ситуација ќе се здружи со кој било кој го има истиот интерес.

– Левица е партија која безмалку имаше 40.000 гласови на минатите избори и сигурно останавме за тројца пратеници помалку поради тоа што нема една изборна единица. Во оваа ситуација за мене е прифатливо заеднички да настапувам со партии и од власта и од опозицијата, рече Апасиев.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица како предизборно ветување.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Тој додаде дека има некакви сигнали дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би разговарала за ова прашање, бидејќи поголемите партии можеби ќе изгубат малку, но државата ќе добие многу.
Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Велешта една година крадела струја

Педесет и четиригодишна жителка на струшкото село Велешта доби кривична пријава поради кражба на електрична енергија, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднело...

СДСМ: Годишно 2.800 жители на Македонија умираат поради загаден воздух, а власта ги одби нашите амандмани за почист воздух

Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогоден се граѓаните на Скопје и...

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните...

Куќна слава се прави каде сакаш“: Миа Костова славеше Св. Никола во кафеана

Инфлуенсерката Миа Костова на 18.12 оваа година го прослави празникот Свети Никола и по тој повод ги собра најблиските во кафеана. Миа заедно со саканите...