19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПресечен меѓународен канал за трговија со дрога, 23 годишно момче од с.Ливада,...

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, 23 годишно момче од с.Ливада, Струга дел од ланецот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 20.03.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица – Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресекоа меѓународен канал за транспорт на марихуана од Република Албанија во Република Македонија во количина од околу 200 килограми и приведоа две лица, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

<

„По претходно преземени мерки кон Ш.А. (23) од с.Ливада, Струга, кој од претходно и е познат на полицијата како транспортер на дрога и кој бил задолжен да ја презема дрогата од Р.Албанија и потоа да ја транспортира до различни места во државата, вчера (20.03) околу 13 часот, на патот кон село Манастирец, Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на возило „ауди а6“ со струшки регистерски ознаки, управувано од Ш.А. (23), но тој не застанал и се дал во бегство, при што оштетил три полициски возила, а било употребено и огнено оружје, по што Ш.А. бил фатен и лишен од слобода“, рече Ангеловски. При преглед во возилото биле пронајдени седум големи торбици во кои биле сместени 180 полиетиленски пакувања со различна форма во кои имало марихуана.

„Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, на бензинска пумпа на магистралниот пат Росоман -Прилеп е лишен од слобода и Н. А. (41) од село Зајас, Кичево, кај кого е пронајден и пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола. По претходна издадена наредба за претрес во дом од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево бил извршен претрес во домот на Н.А., при што бил пронајден уште еден пиштол марка „ТТ“ со 32 куршуми калибар 7.62 мм . Приведените во текот на денот ќе бидат предадени на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава“, соопшти Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...