8.4 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Кичево-Охрид по втор пат ќе го пробие рокот за изведба..

Автопатот Кичево-Охрид по втор пат ќе го пробие рокот за изведба..

spot_imgspot_img

Јавното претпријатие за државни патишта подготвува опсежни анализи за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Веќе е извесно дека по втор пат ќе биде пробиен крајниот датум во чии рамки кинеската компанија „Синохидро“ како изведувач на работите требаше да ја заврши изведбата на автопатот долг 57 километри и вреден речиси 600 милиони евра.

Првичниот рок за завршување на изградбата на овој автопат веќе беше продолжен за три и пол години, и тоа до 30 јуни 2021 година

Нов краен рок за завршување на изградбата на автопатот засега нема, но од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека нивните очекувања се до крајот на 2021 година да се пушти во употреба третата подделница со должина од 11,5 километри, на потегот од Пресека кај новиот тунел до Песочани.

„Анализите се врз основа на моменталната изграденост на самиот автопат, дополнителната техничка документација (зголемени количини) и ситуацијата со ковид-19“, објаснуваат од ЈП за државни патишта.

Во однос на тоа дали кинески „Синохидро“ ќе сноси санкции поради доцнењето на изведбата на автопатот, од ова јавно претпријатие велат дека во моментов не планираат санкции кон кинеската компанија, бидејќи рокот сè уште тече и е до 30 јуни 2021 година.

„По извршените анализи доколку се утврди вина на Изведувачот ќе постапиме согласно со Договорот“, велат од ЈП за државни патишта.

Од јавното претпријатие објаснуваат дека откако ќе биде изработена анализата за тоа во колкав период е неопходно да се продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид, ќе се изготви нов Анекс на договорот за изведба на овој инфраструктурен проект.

„Во овој момент немаме сознанија за зголемување на крајната цена на чинење на изградбата на автопатот, и сметаме дека обезбедените средства со Анекс бр.3 се доволни за завршување на изградба на автопат А2, делница Кичево-Охрид“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта во однос на прашањето дали ќе има натамошно зголемување на крајната цена за изградбата на овој автопат.

Автопатската делница од Кичево до Охрид започна да се гради во февруари 2014 година, откако беше извршено позајмување на кредит од кинеската Ексим банка од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Во пролетта 2018 година, владата предводена од СДСМ соопшти дека неопходно е продолжување на рокот за доизградба, поради неусогласеност на проектната документација со реалните услови на теренот, но и поради фактот што некои инфраструктурни објекти, како што се деветте клучки, не биле воопшто планирани со првичниот проект.

Кон крајот на пролетта 2019 година, ЈП за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за овој автопат. Собранието на РСМ на 21 ноември 2019 година го усвои новото задолжување на земјава кон кинеската Ексим банка во висина од дополнителни 180 милиони долари, со кои треба да се изведат сите оние сегменти од автопатот коишто беа препроектирани поради тоа што биле изоставени или неизводливи за градба во првичниот проект.

Инаку, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ лани го изработи истражувачки труд „Втурнати во ќорсокак: заблудената верба во кинескиот корозивен капитал за изградбата на автопатите во Северна Македонија“. Во овој труд тие посочија на недостигот на транспарентни и конкурентни набавки визави услови за заем поставени од Кинеската банка за извоз и увоз отелотворени во списокот на претпочитани компании, кои биле предложени од Кинеската влада, а одобрени од Кинеската амбасада во Скопје.

Воедно, втората клучна слабост што ја утврдиле истражувачите од „Социетас Цивилис“ е нетранспарентниот и неконкурентен процес на избор на компанијата Синохидро за главен изведувач за двата автопати. Истражувачите во трудот посочија и на проблемот со политичките и приватните поттици на водечки јавни функционери за изведба на овие автопати, и покрај мислењето на градежниот надзор за неизводливоста на проектот, а со што се предизвикала ефективна штета врз заедничкото добро и парите на даночните обврзници.

извор: мета.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...