19.9 C
Ohrid
четврток, јуни 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОштетениот слух не им беше пречка на Радмила и Мартин да го...

Оштетениот слух не им беше пречка на Радмила и Мартин да го остварат нивниот сон, од сега во Битола го има првото кафуле на знаковен јазик.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Радмила Периќ и Мартин Ангелов, кои минатата година отворија кафуле во Скопје, заради пониски трошоци, а и заради градот кој е познат по културата на пиење на кафе, го преселија истото во родниот град на Мартин, Битола.

<

Кафетеријата “Улав сте“ е лоцирана покрај реката Драгор, на почетокот од Старата битолска чаршија. И ако некогаш престојувате во Битола, влезетe во него. Ќе ве пречекаат гостопримливи сопственици и интересно мени. Станува збор за прв кафе бар во државава во кој домаќините се лица со оштетен слух, и со своите гости комуницираат на знаковен јазик. Оштетениот слух не им беше пречка на Радмила и Мартин да го остварат својот сон, туку предизвик да покажат дека промените ги правиме сами, без себеограничување.

Ова е место кое ќе ви понуди нешто сосем поинакво од она на што сте навикнати. Имено, вработените се со оштетен слух, што ќе ве натера да почнете да комуницирате со гласовен јазик. Доколку не го знаете, имате шанса да учите, зошто менијата се направени така да ви објаснат како да нарачате.

– Оваа одлична идеја има и племенита цел, а тоа е да им се даде шанса на лицата со оштетен слух да работат, но и да ги научат другите по нешто за нивната комуникација и за нивниот тивок свет.
Фантастичен пример кој треба да покаже дека дека лицата со хендикеп треба да бидат отворени за промени и да не се повлекуваат во својот свет. А општеството да даде поддршка и да не ја користи онаа позната административна реченица “Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис“, – ќе раскаже Мартин.

Оштетениот слух кај него и Радмила, не беа пречка за да развијат одредена бизнис-идеја. Размислуваа помеѓу кафетерија, фарма за животни или нешто трето.

Пред повеќе од една година оваа идеја ја развија во Скопје, но решија да се преселат во Битола. Така што навистина сме среќни што токму нашиот град го добива првото знаковно кафуле.

– Нема да пишеме ништо, затоа што немаме зборови за да го опишеме она што го правиме. Благодарни на сите вас, што сте наша поддршка, што не охрабривте и што ја споделивте љубовта ваша кон нас, да сме еднакви луѓе со оштетен говор и слух. Овој пат одиме појако, посилно и достоинствено во нашата Битола, сместени покрај реката Драгор, над Ленски Мост и на нашите битолчани им го носиме најубавото кафе од Наполи, Италија …. кафето Kimbo., стои на нивната објава по социјалните медиуми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР до граѓаните: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

☎️☎️ Известување ☎️☎️ Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за...

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј за изборот на митрополит Дебарско-кичевски

Епископот антаниски г. Партениј му честиташе на Георгиј на изборот на митрополит Дебарско-кичевски. Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот,...

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Со хаш таг #РаботаНеСамоЗборови, директорот на Центарот за јавно здравје Мухамед Демири информираше дека има осум нови вработувања. „Вработени се осум нови Албанци“, пишува во...

Пецаков: По гравитационен пат 60% од територијата на општина Охрид ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија !!!

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и...