22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаСвет44 години од најголемата авионска несреќа во историјата – се судрија два...

44 години од најголемата авионска несреќа во историјата – се судрија два авиони, загинаа 583 лица (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден во 1977 година, се случи најголемата авионска несреќа во историјата, во која загинаа 583 лица.

<

Авионската несреќа се случи на аеродромот во Тенерифе (Шпанија). Само 61 лице ја преживеаја несреќата. Се случи во миговите кога Боинг 747 на холандската компанија КЛМ во тек на полетување со брзина од 250 километри на час, се судри со Боинг 747 на компанијата Пан-Ам (компанија од САД која се распадна во 1991 година), кој се наоѓал на пистата.

Несреќата се случила поради неправилна комуникација меѓу двата авиони, и контролата на летењe. Контролата на авионот на КЛМ му дала дозвола да се намести на позиција за полетување и да чека (You are cleared to line up and hold) (подготви се на пистата и чекај). Инструкторот и шеф на пилотот кој управувал со авионот слушнал „Cleared to line up and go“ (излези на писта и оди). Другите два пилоти кои биле со нив се сомневале дека нешто не е во ред, а дури едниот рекол: „Мислам дека не добивме дозвола за полетување“.

Кога ја чул неговата повратна информација “Cleared to line up and go“, контролата им наредила да го прекинат полетувањето. Во тој момент пилотот на Пан-Ам авионот пробал да праша што се случува, но поради техничките недостатоци тогаш, чул само пиштење.

Авионската несреќа исто така е пример на негативната страна на голем авионски „авторитет“ во пилотската кабина. Кога еден од техничарите прашал „Имаме ли ние дозвола за полетување?“, капетанот само му одговорил: „Ајде гледај си ја твојата работа“.

Уште една причина е доцнењето. Во тој момент авионот на КЛМ доцнел час и пол со полетувањето, па им се брзало. Исто така несреќна околност е тоа што КЛМ имал полн резервоар гориво. Тие не ни требало да точат гориво на аеродромот во Тенерифе, затоа што имале доволна колична за следната дестинација.

Исто така во моментите на аеродромот имало многу магла.

Несреќата се случила по сплет на многу несреќни околности. Само една од овие да не се случела, тогаш веројатно немало ниту да се случи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...