31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Србија ни даде вакцини, ама па затоа ние ќе им дадеме...

Заев: Србија ни даде вакцини, ама па затоа ние ќе им дадеме бесплатни картички да не плаќаат патарина !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев вели дека државата направила се за да обезбеди вакцини и оти овој месец ќе стасаат дополнителни количини со кои ќе се овозможи да непрочено да продолжи процесот на вакцинација. Тој го поздрави пријателскиот гест на Србија која на земјава и донираше вакцини и најави дека Владата ќе се оддолжи за пријателскиот гест.

<

Ние сите сакаме дома да имаме вакцини, но тие се околностите. Јас имав непријатно чувство оти наши сограѓани патуваа во Србија по вакцини, но не смееме да кажеме дека државата не направила ништо, напротив, државата направи се и во тоа сме сигурни. Тргнавме преку десетици компании, преку безбедносни служби со кои имаме реална соработка, сите да направат се што можат. Не сакам да не обвинуваат дека ништо не правиме. Вакцината е индивидуална одговорност, секој сноси одговорност за себе и може да одлучи каде сака да се вакцинира, коментираше премиерот Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.

Сепак, тој призна дека не може да се минимизира чинот на Србија за подадената пријателска рака, па затоа и владата бара начин како да им се оддолжи на српските граѓани.

Никако не можеме да го минимизираме чинот на солидарност, на хуманост од страна на Србија. Тоа што го добивме во моментот од Србија како донација ни е доволно за периодов. Зборував со Израел, со Британија, Франција, значи речиси нема каде не сме се обратиле, но ете нашиот сосед ни излезе во пресрет. Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство, рече премиерот Заев во интервјуто.

Тој нагласи дека овој пат помалите држави ја почувствувале нерамноправноста на распределбата во однос на вакцините.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...