На поставено новинарско прашање Бедри Ајдари беше спречен да одговори на истото на македонски јазик.
Иако Ајдари започна со одговарање на новинарското прашање на македонски јазик веднаш беше прекинат од семејствата на осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро кои инсистираа да говори на албански јазик.
По настанатиот револт кај демонстрантите Ајдари му одговори на новинарот на албански јазик по што следуваше голем аплауз од нивна страна.