2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗадоволство ми беше денеска да се сретнам со мноштво активни пензионери, луѓе...

Задоволство ми беше денеска да се сретнам со мноштво активни пензионери, луѓе кои што ја граделе Битола, изјави кандидатот за градоначалник Кондовски.

spot_imgspot_img

Задоволство ми беше денеска да се сретнам со мноштво активни пензионери, луѓе кои што ја граделе Битола и пред кои имаме обврска за нејзин развој!
Здружението на пензионери – Битола под претседателство на Даница Петличкова обединува над 20.000 членови. Здружението на пензионери инвалиди уште 1500 пензионери. Популација од чие искуство и мудрост треба да црпиме идеи и сугестии за развој на Битола.

Со претставници на двете здруженија денеска уште еднаш ги утврдивме потребите од дом за стари лица, бидејќи постоечките капацитети не се доволни, отворање на пензионерски клубови, како и изработка на социјална карта, која ќе ги прикаже реалните услови во кои живеат пензионерите и која ќе биде основа за подобрување на тие услови.
Пензионерите за мене се категорија на која гледам со длабока почит. Тоа се наши родители, баби и дедовци. Луѓе кои заслужуваат достоинствени услови за живот во опкружувањето на своите деца и внуци!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...