7.4 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче Ангелов: Тие не побараа хеликоптер трактор барале, да ми се јавеа...

Стојанче Ангелов: Тие не побараа хеликоптер трактор барале, да ми се јавеа веднааш ќе им испратев јас.

Формирана е петчлена комисија која детално ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управување со кризи или во другите институции. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во иднина, никогаш наш сограѓанин да се најде во ваква ситуација, изјави денеска на прес-конференција Стојачне Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.

Оперативецот на ЦУК од Кратово, нагласи Ангелов, бил фокусиран на барањето за наоѓање теренско возило – џип, па дури и трактор со кој би можело да се отиде до местото, и во ниту еден момент од лекарскиот тим што бил на лице место од него не било побарано да обезбеди хеликопер. Доколку, според Анеглов, од оперативецот било побарано да обезбеди хеликоптер, тој тоа барање ќе го проследел до него и за кратко време би бил обезбеден хеликоптер.

– Имаме доволно хеликоптери кои што би учествувале во една ваква спасувачка мисија. Како директор на ЦУК имам директна комуникација со врховниот командат на Армијата, со претседателот Стево Пендаровски од каде што, од порано ми е посочено дека, доколку ни е потребно во секој момент може да сметаме на хеликоптер. Исто, во постојана комуникација сум и со министерот за одбрана, како и со началникот на Генералштабот на Армијата – рече Ангелов.

ЦУК, посочи Ангелов, постои да им служи на граѓаните кога им е најтешко и кога нивниот живот е доведен во опасност и нивното здравје е загрозено.

– Оперативецот на ЦУК од Кратово ги презел сите потребни мерки. Откако бил информиран дека во конкретното село се наоѓа човек на кој му се пружа брза помош и истиот е во животно загрозувачка состојба и треба итно да биде извлечен од селото, тој веднаш се јавил во полиција и го известил надлежното лице. За жал, во полицијата немале соодветно теренско возило со кое можеле да стигнат на лице место, но се понудиле да отидат неколку посилни полицајци да помогнат во извлекувањето. Оперативецот, потоа се јавил и во Противпожарната заштита, од каде го добил истиот одговор. Се јавил и во ЈП „Македонски шуми“, потоа и на директорот на ЕВН во Кратово, а на крај се јавил и на директорот на Јавното комунално претпријатие Кратово, од каде најпрво добил надеж дека ќе биде обезбедено такво возило, но тоа не било обезбедено – појасни Ангелов.

Запрепастувачки е фактот, нагласи тој, дека во цела општина не можело да се најде теренско возило, кое ќе отиде на лице место и ќе помогне во извлекување на животно загрозениот пациент.

– Оперативецот на ЦУК од Кратово бил фокусиран на наоѓање теренско возило, но во ниту еден момент од него не било побарано да обезбеди хеликоптер. Според стандарнди оперативни процедури тој не е обучен во ваква ситуација да носи одлука дали треба или не треба хеликоптер. Сепак, како ЦУК овде пронаоѓам една наша слабост, која во иднина ќе биде променета. Тие стандардни оперативни процедури ќе бидат променети и секогаш, во каква било ситуација, кога ќе имаме загрозен живот или сериозно загрозено здравје на било кој наш граѓанин и на било кое место, како ЦУК ќе се погрижиме да испратиме хеликоптер за извлекување – нагласи Ангелов.

Ангелов, исто така, упати честитки на тимот од Брзата помош за покажаната храброст и пожртвуваност, особено на доктор Павле Зафиров.

– Ќе разгледаме предлагање за одликување на тројцата членови на тимот кој што го извлекоа животно загрозениот болен пациент – изјави Ангелов.

Претходно, Ангелов укажа дека проодноста на патиштата спаѓа под надлежност на локалната самоуправа и ги повика сите градоначалници повеќе внимание да посветат на проодноста на патиштата до секое населено мести, без разлика дали во него живеат илјадници луѓе или само еден човек.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...