16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветСрпскиот глумец и водител, Милан Калиниќ осуден на 10 месеци затвор.

Српскиот глумец и водител, Милан Калиниќ осуден на 10 месеци затвор.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српскиот глумец и водител, Милан Калиниќ, е осуден на условна казна десет месеци затвор за тепачката што ја предизвика на натпреварот Црвена Ѕвезда – Партизан во април 2019 година. Тој не смее да го повтори делото во следните две години, во спротивно казната ќе ја служи во затворот во Белград.

<

Покрај условната затворска казна, Калиниќ е казнет и со 850 евра, а забрането му е да присуствува и на натпреварите на Црвена Ѕвезда една година. Дополнително, секој пат кога ќе играат кошаркарите на Ѕвезда, Калиниќ ќе мора да се пријави во полициска станица и да остане таму до крајот на натпреварот.

Во образложението на пресудата се вели дека е докажано дека Калиниќ имал намера да предизвика немири, а не да ги спречува.

„Калиниќ е виновен за напад врз оштетениот пред почетокот на натпреварот, откако му ставил јакна на главата и го удирал со тупаници. Судот смета дека вината е докажана и прашањето е само дали Калиниќ реагирал на таков начин со цел да се спречат понатамошни немири или да се предизвикаат. Бидејќи на фотографијата се гледаат двајца членови на обезбедувањето до него, утврдено е дека целта не е да се спречат, туку да се предизвикаат немири“, стои во образложението на пресудата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...