22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаСветПлеме во Вануату, кое го смета принцот Филип за бог, ќе ја...

Племе во Вануату, кое го смета принцот Филип за бог, ќе ја одбележи неговата смрт со специјален ритуал

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Племе во Вануату, кое го смета принцот Филип за бог, ќе ја одбележи неговата смрт со специјален ритуал и церемониски танц.

<

Племето живее на островот Тана во Тихиот Океан, во земјата што порано била англо-француска колонија. Припадниците на племето верувале дека принцот Филип е реинкарнација на воин кој го напуштил островот за да учествува во војна.

– Овде, на Тана, веруваме дека принцот Филип е син на нашиот бог, нашиот древен бог кој живее високо во планините – изјавил Нако Никиен, пренесува „Јуроњуз“.

Никиен е член на локален култ наречен „Движење на принц Филип“. Тој бил еден од петтемина што имале чест да се запознаат со Филип во 2007 г. како дел од мисија во чии рамки патувале до Велика Британија.

Никиен го опишал искуството како „дел од духовниот свет“. Според верувањата на племето, духот на принцот Филип никогаш нема да умре.

Филип почина во петокот, на 99-годишна возраст, во замокот „Виндзор“.

Извор: euronews.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...