31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Џафери му пукна филмот: Јас не водам кладилница, држава водам а...

На Џафери му пукна филмот: Јас не водам кладилница, држава водам а за што ве плаќаме вас пратениците?!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вечерва атмосферата во Собранието е тензична откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека неговата пратеничка група нема да учествува на 32. седница и побара да почне расправата по 36. седница и да бидат донесени мерките.

<

– За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки. Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36. седница, рече Мицевски.

На ова Талат Џафери збесна и жестоко му одговори.

– Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во собранието на двапати. Имаме изолирани пратеници. Од 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2 000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите, изјави Џафери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...