20.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЦветко Стрезовски: Срцето на младата Верче чука во мојот син, сакам да...

Цветко Стрезовски: Срцето на младата Верче чука во мојот син, сакам да изразам сочуство и благодарност до семејството Белчевски што му го продолжија животот на моето дете..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Цветко Стрезовски, таткото на 22-годишниот Иле Стрезовски, кому синоќа му беше извршена трансплантација на срце, се заблагодари на семејството на починатиот донор Верче Белчовска за продолжувањето на животот на неговиот син.

<

„Прво да изразам сочувство на фамилијата на Верица и благодарност што му го продолжија животот на синот. Тој од 6 јануари боледува со слабо срце со 14 отсто работа и се бараше од тогаш донор. Разговараравме со синот, добар е сега. Голема благодарност до докторите и министерот за здравство“, рече Стрезовски пред медиумите по завршувањето на трансплантацијата на срце на Клиниката за кардиологија која е втора во македонската историја.

Посебна благодарност упати и министерот за здравство Венко Филипче, кој потсети дека органите на Белчевска овозможиле и трансплантација на два бубрези и за прв пат трансплантација на дел од коскениот систем.

„Животот на Белчевска не можеше да се спаси, но семејството и покрај тоа што беше во шок, собра храброст и донесе хумана одлука. Станува збор за форма на болест која прави срцето слабо да пумпа, само 10 отсто, и не можеше да се вгради вештачко срце. Младиот Иле е буден, се чувствува добро, сите параметри се добри и се надевам дека добро ќе закрепнува“, рече Филипче.

Маја Мојсова Мијовска, националниот координатор за трансплантација, вели дека станува збор за тешки и комплицирани процеси за кои се уште немаме систем за трансплантација во Македонија, но се работи на тој пат, бидејќи е мошне тешко да се направи таква програма.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...