19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаАндријана Јаневска се огласи: Пеев за 0 денари на протестот за уставобранителите...

Андријана Јаневска се огласи: Пеев за 0 денари на протестот за уставобранителите…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иако неколку седмици назад беше најавувано дека македонската химна за време на завчерашниот протест во Скопје ќе ја изведе оперскиот певец Игор Дурловски, како изненадување за јавноста покрај него се појави и пејачката и виолинистка Андријана Јаневска.

<

Тие заедно ја изведоа химната, а Јаневска за „Фокус” вели дека се решила да запее на протестот откако ја контактирале организаторите на истиот.

-Беше договорено да отпеам неколку патриотски песни, а за химната не оставија да се договориме со Игор. Пред настапот имавме една проба, се договоривме кој што ќе пее, и тоа беше тоа. Инаку, си носев свој микрофон, носев две маски (кн95 и хируршка) и максимално се придржував до мерките за заштита од вирусот – појаснува Андријана.

На прашањето дали настапила за да даде поддршка на протестот или пак станувало збор за платен ангажман, таа вели дека настапила без надомест.

Околу поделените ставови на јавноста за протестот на кој се бараше ослободување на осудените за нападот на Собранието од 27-ми април 2017 година, Јаневска вели дека не стравува поради тоа што нејзиниот настап на протестот би можел да се одрази негативно кај нејзините слушатели, кои не го поддржуваат истиот.

-Не гледам зошто би се одразил негативно мојот настап. Секогаш сум била и ќе бидам на браникот на татковината онака како што можам и умеам – раскажува пејачката, која во 2019 година заедно со Дурловски, во пресрет на Денот на независноста на Македонија, Осми Септември, направија препев на легендарната песна на Пепи Бафтировски „Заветна”.

Дурловски во 2017 година беше еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, и доби ослободителна пресуда за насилствата за време на нападот на Собранието.

Ова не беше прв настап на Јаневска на протест. Како потсетување, во 2016 година таа ја пееше македонската химна на протестот на ГДОМ, и тогаш ни изјави дека и е чест да ја изведе нашата химна, и како во минатото пеела за сите партии.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...