7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИнтервју со последниот сведок на погибието на великанот Гоце Делчев

Интервју со последниот сведок на погибието на великанот Гоце Делчев

Интервју – дума со баба Ката, последниот жив сведок на погибијата на најголемиот син на македонскиот народ , баш војводата Гоце Делчев.

БУНИСТРА – ДАР ОД ГОЦЕ

4. мај 1903 год. с.Баница Македонија.

На просторот пред Бакаровата плевна се одигрува последниот чин од најславната македонска трагедија. Квечерина. Пламените греди од запалените селски куќи ја осветлуваат сцената .Десетина комити .Илјаден аскер. Помеѓу нив испружените тела на шестмина мажи .На четириесет чекори од плевната куп жени, деца ,старци, во улога на статисти. Меѓу нив и четиринаесет- петнаесет годишната Катерина Сарбакова.

4 декември 1991 година с. Ново Делчево. Пиринска Македонија. Катарина Сарбакова Демирџиева, во селото што го носи името на јунакот од нејзината младост, го живее својот втор век. Со сеќавањата на старицата со ситно и испиено лице, патуваме до нејзиното родно место и денот Д за македонската револуционерна борба и македонскиот народ. Со првата мрачка пукотниците престанаа.

Сардисаните комити под закрила на темнината си пробија пат кон планината. Факелите во рацете на аскерите ја осветлија ливадата и телата на шестмината комити. Алај – бегот стои над телото на покојникот: Кој е мртвиот маж за чие тело се биеше петнаесет часовен бој? За чие тело паднаа уште петмина, во намерата да го одвлечат во плевнат? Го превртува. Во ликот на баш војводата го препознава соученикот од Софиското воено училиште, апостолот на македонското национално движење, Гоце Делчев.

Во тој момент еден аскер го забодува штикот во убиениот. Гневниот Алај – беј Тефиков ја исукува својата боја и во еден секавичен миг го пресекува аскерот. Глетката и помислата за мртвиот другар е премногу мачна и бална, за младиот кајмакан. Лут во лицето го боднува својот коњ кон темното поле. Аскерот си замина. Селото изгоре. Војводата го погребаа крај селската црква ** Свети Никола **.
Сеќавањата на баба Ката во најголем дел, сличат со историските сознанија, што укажуваат на погибијата на Делчев. Катарина Сарбакова Демирџиева, дете на Димитар и Марија Сарбакови, родена во село Баница пред сто и кусур години. Својот прв, асал татко , Спиро, не го познава, била многу мала кога тој умрел . Во куќата на нејзиниот татко, селски коџабашија, на неколку пати престојувал Гоце. При една таква посета, војводата на младата Катерина и поклонил , шамија ( мрежа) со бунистра. Ликот на митскиот јунак засекогаш останал нераскинлив дел од животот на Катарина Сарбакова.

Страданијата и небиднините низ кои за својот животен век ги минала баба Ката, се читаат од нејзиното набрано, старечко лице. На еден Петровден во вителот на првата световна војна, селото Баница по втор пат гори. Сега паликуќи се грците. Започнува најголемиот егзодус на македонскиот народ. Катарина со своите две дребни деца, доаѓа во Пазарџик- Бугарија, во манастирот *Свети Петар*.

После едно зиме се преселуваат во Разлог-Пиринска Македонија, во една напуштена турска куќа. Нејзиниот прв маж, Никола Терзиев, умира од раните и болеста спечалени во војната. Аргатува за да го прехрани семејството. Нејзин втор маж е Андон Демирџиев, роден во село Баница. Со него има уште три деца. Во 1930 год. со сета своја сиромаштија и петте деца го напуштаат Разлог и со уште неколку македонски фамилии, бегалци, го изградуваат селото Ново Делчево во близината на Свети Врач ( денешно Сандански). Основно занимање им е земјоделието.

И покрај сите страданија низ кои минала во својот сто и кусур животен век – ни говори нејзината ќерка, Јанка Андонова Демирџиева- мајка, сите нас не изненадуваше со својата виталност. Пред три години таа доживеа срцев удар, па отогаш е во постела. Но верувам дека ќе ни поживее. Нејзината баба Петра починала на сто и десет години.

c. Ново Делчево 06 . 12. 1991 . год. Мое прво и последно интервју.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...