6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПејачката Биг Мама за Талат Џафери: Првпат кога го гледав на телевија...

Пејачката Биг Мама за Талат Џафери: Првпат кога го гледав на телевија ми беше најантипатичен политичар, но кога ко запознав во живо, од него нема попозитивен лик.

spot_img

Претседателот на Собранието Талат Џафери, за својата работа изјави дека е многу сепцифична оти бара точност и однесување по протокол. Џафери беше гостин во емисијата „Магазин“ на Сител.

– Секоја работа има своја тежина, но кога ќе се прифати, треба да се мисли претходно, дали сте за тоа или не сте, и откако ќе се прифати, потоа веќе нема тешко или лесно и мора да се одговори на обврските“, рече Џафери. Освен за работата, тој зборуваше и за приватни теми.

– Јас живеам во село Форино гостиварско, патувам секој ден до Скопје, живеам во заедница со сопругата, синот и снаата сега, ќерката која што се омажи отиде во свој дом. Од пред шест месеци како што знаете станав дедо првпат, од страната на ќерката, внук добивме.

Неодамна, пред седум дена од снаата добивме внука, се надополнува фамилијата. Обврските коишто се службени не оставаат многу време да се биде дома, но, сопругата тоа го надополнува, и го надополнувала.

Сега, децата веќе се возрасни, мажени, женети и тие се бават со сопствените деца. Како дедо, како баба се наоѓаме, повеќе сопругата.

Јас колку што времето ми дозволува, кога сум дома, прво ќе се видам со нив, па се останато. Денот е толку, 24 часа се малку, но мора да се испланираат, но се надополнуваме“, рече Џафери и зборуваше за неговото родно село.

Можеби перцепциите некогаш се поинакви, но треба да си бидат задоволни од она што го имаат во животот, зашто животот таков е, треба да се живее и треба да се остави зад себе, и тоа е таа работа што со децата секогаш ја зборувам“, рече Џафери.

Потоа, тој се наврати на времето кога на 15 годишна возраст заминал за Белград на школкување. „Јас заминав без да знам збор српско-хрватски, во нова средина, во нови околности, интернатско школување, со колеги, војнички живот, и средно и Академија. Но, секако ако сте решени да го направите тоа што го сакате, другото ќе ве следи од страна.

При посета на Белград, го сретнав и класниот којшто тогаш бил во средното, сега е пензионер, професор по математика, којшто тогаш, можеби во тие тешки денови беше еден од тие професори којшто не водеше во смисла да бидеме прифатеми и да не се чувствуваме отстранети“, раскажа Џафери и рече дека негува пријателства од тоа време.

Џафери зборуваше и за неговата сопруга и за тоа како се запознале. „Ние се запознавме уште од школски денови, и таа врска си ја одржувавме, јас отидов за Белград и продолживме таа врска да ја одржуваме и ја крунисавме со брак, подолг период, значи цел живот сме заедно“, рече Џафери.

Во продолжение за него зборуваше пејачката Биг Мама која рече дека водителката Јана во моментов го има најтоп политичарот во студио. „Како што изгледа строг, не е таков.

Првпат кога го гледав на телевија, кога го немав запознаено, имав некоја антипатија, и можам а кажам дека ми беше најантипатичен политичар. И кога се запознавме, кога за првпат ми гостуваше во емисија се мислев каков ќе биде.

Еј, јас сакам забавни луѓе, јас сакам забавни политичари. И не замислував дека тој може да биде толку забавен, толку прифатлив за сите генерации, толку фер човек, човек од збор.

Тој ги профаќа сите шеги, и тој се шегува на негова сметка, приватно е друг човек, тој е многу забавен, секогаш кога сме биле заедно сме збореле за музика, за забава. Не сме збореле воопшто за политика.

Можам да кажам дека е меѓу најтоп луѓе што сум ги запознала. Порано сум имала многу антипатии, а сега ми е најомилен и најмногу што го обожавам од политилчарите. Знам дека тој најмногу сака староградска музика, тоа најмногу му се допаѓа“.

Потоа, пејачката го имитираше каков е кога ќе се изнервира во саобранието. „Ало, седите бре луѓе“. Потоа, Биг мама рече дека ќе му постави најтешкото прашање на Џафери: Господине претседателе, после емисија, дали ќе ме носиш на кафе, по што тој одговори: Секако!

Потоа, Фејсбук страницата на емисијата „Магазин“ објави фотографија од Џафери и од Биг Мама како пијат кафе во неговиот кабиент и напишаа:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...