3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЕстрадата во Македонија се прости со уште еден познат музичар- Неговите последни...

Естрадата во Македонија се прости со уште еден познат музичар- Неговите последни зборови биле да го земат од болница, бидеќи се плашел од кислородната поддршка.

По осум дена борба со Ковид-19 на Инфективна почина познатиот комозитор Тодор Трајчевски (66). Срцето на Тодор престана да чука утрово и како што за ММС вели неговата сопруга Ники утрово во девет часот и јавиле дека ја загубил битката со болеста.

-Ми рекоа не издржа, почина. Осум дена беше во болница, од Велигден. Доби почеток на пневномија и за да не се развие болеста го сместивме на Инфективна. Беше на кислородна поддршка, така ми рекоа од Клиниката, вчера дури и дека е подобар, но утрово во девет часот ми ја јавија тажната вест. Последниве 3-4 дена воопшто не ни комунициравме, ни го вратија неговиот телефонот дома. Немавме контакт. Комуницирав со медицинскиот персонал, кој ми кажа дека одбивал кислородна поддршка, не сакал да ги прима лекарствата и психички беше многу паднат, па и психијатар му донеле за да го подигне барем малку, вели Ники за MMС.

Таа за MMС кажа и дека со Тодор заедно се заразиле, но таа имала поинакви симптоми, за разлика од него.

-Заедно бевме заразени ама ете јас сум подобра. Поминувам со кашлање, болки во стомак, тахикардии. Не можам да објаснам. Таман мислиш дека си подобар и пак се влошувава. Тодор имаше многу висока температура и од Велики четврток настанаа проблемите. Земаше парацитамол, кој малку ќе му ја спуштеше температурата и пак ќе се влошеше. Во четвртокот сатурација му беше 89, имаше високо ЦРП. Во саботата бевме во болница и од неделата од празникот го задржаа. За ништо не задоцнивме, се направивме на време ама ете, до тука било, вели тажно Ники.

Таа ни кажа дека и Тодор, како и сите се плашел од кислородната поддршка и од апаратите, па затоа и не сакал да биде послушен пациент и постојано барал да си дојде дома.

-Да не верува веќе човек во ништо. Вчера баш се понадевавме дека ете ќе биде добро, ни рекоа дека ќе му го намалуваат кислородот. Ама ете починал утрово. Живот во страв. Тоа е. Секој ден од 12 до 13 часот се слушавме со персоналот, ни даваа информација. Наутро му носевме носевме нешто за да му дадат. Таква е процедурата, така ми рекоа. “Но, непослушен е го вади кислородот, сака да си оди дома“ ми велеа од Инфективна. Ниеднаш не ни рекоа дека не е стабилен, туку стабилен е, му даваме кислород, сатурацијата му била покачена последните денови. Затоа утрово бевме шокирани. Но, имаше многу страв од апаратите, од кислородната поддршка. Сите се плашат од таа кислородна поддршка, па и тој. Станувал не ги слушал лекарите. Се плашел, многу се плашел. Страв, голем страв. Ми велеше уште на почетокот- земете ме дома. Но, постојано беше со висока температура. Навистина сакаше само да побегне од болница. Многу падна психички Тодор. Откако ни го вратија телефонот, четири дена се немавме слушнато со него. Ги прашував, ги молев лекарите да ме пуштат кај него барем на 10 минути, барем малку мотив да му дадам, ќе му прозборев, ќе го утешев.

За повеќе детали клик тука: MMС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...