23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПретседателот Пендаровски: Го замолив Папата да се помоли за Македонија, да стане...

Претседателот Пендаровски: Го замолив Папата да се помоли за Македонија, да стане Европски шампион.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

 

<

Претседателот Стево Пендаровски денеска на приемот кај Папата Фрањо во Ватикан, кога му го даде црвениот дрес на македонската фудбалска репрезентација со „Папа Франциск“ на задната страна, на кирилица, побара да навива за нас на Европското фудбалско првенство.

„Знам дека сте голем фан на фудбал. За 19 дена стартува Европското првенство и знаеме дека Аргентина нема да учествува и немате за кого да навивате. Ако учествуваше Аргентина, ќе победевте. Ние како земја за првпат се пласиравме на Европско првенство и сега ви го предавам првиот официјален дрес“, му кажа Пендаровски на Папата.

Од снимката од аудиенцијата се слуша дека само што му кажа Пендаровски дека неговата светост е напишана на кирилица, тој своето име на дресот течно си го прочита на глас.

Тогаш Пендаровски побара од домаќинот: „Да навивате за нас, да се помолите за нас барем да станеме европски шампиони“.

„Ќе се молам за вас со сето срце“, му рече Папата Фрањо.

Потоа двајцата си разменија вредни подароци и од културните наследства од двете држави.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Нека донесе среќа и нови успеси и победи на претстојното Европско првенство“, објави потоа Пендаровски на Фејсбук.

По потекло од Аргентина, папата Фрањо е познат како голем љубител на фудбалот и е навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренсо.

На Европското првенство, Македонија е во група со Австрија, Украина и Холандија. Првиот натпревар е против Австрија, на 13 јуни во Букурешт, Романија.

С. К. ДЕЛЕВСКА сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...