14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Заев на чело со цела влада, уживаа со диносаурусите...

Премиерот Заев на чело со цела влада, уживаа со диносаурусите…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од утре за посетители се отвора Дино паркот во склоп на скопската Зоолошка градина. Дино паркот ќе работи од 9 до 21 часот, влезот ќе биде 50 денари и ќе се влегува од посебен влез од кај Градскиот парк, односно на стариот влез на Зоолошка.

<

Во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина, со синхронизирани движења, кои испуштаат звуци. Има Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, мали диносауруси, како и мајки со бебиња и јајца. Низ паркот се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека ќе се почитуваат ковид протoколите и во паркот кој е со површина од 2.000 метри квадратни ќе може да има 300 посетители.

„Станува збор за најголем Дино парк на Балканот и најзелен Дино парк во Европа. Ова е само почеток на она што недостасуваше во нашиот град, забава за децата. Дино паркот е целосно дигатализиран”, рече Шилегов.

Во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина, со синхронизирани движења, кои испуштаат звуци. (Фото: К. Попов)

Проценките кои ги имаат надлежните од Зоо се дека неделно паркот ќе го посетуваат по 10.000 гости, а очекуваат и посетители од регионот.

На отворањето присуствуваше цела влада, односно премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар Мухамед Зекири, министрите Венко Филипче, Мила Царовска, Бујар Османи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

Уредување на просторот и набавката на диносаурусите од Кина чини 350.000 евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје.

sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...