6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаСветНема повеќе тесни фармерки во Северна Кореја

Нема повеќе тесни фармерки во Северна Кореја

Иако многумина велат дека на тесните фармерки им дојде крајот, и широките „торбести“ пантолони ќе станат симболот на генерацијата З, сепак деновиве тие привлекуваат огромно медиумско влијание.

Наводно, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги банираше тесните фармерки поради промовирање на „капиталистички начин на живот“.

Според написот на Прија Елан за „Guardian“, повикувајќи се на други извештаи, овој потег, исто така, наводно опфаќа и одредени видови на машки фризури, како и пирсеви.

Написот цитира и текст од јужнокорејската новинска агенција „Yonhap News Agency“ од почетокот на овој месец, но во овој текст не се споменуваат фармерки или други предмети. Наместо тоа, се наведува дека официјалниот весник на Северна Кореја повикал на „напори да се спречи влегувањето на капиталистичката култура во земјата“.

Во друг текст на „Guardian“ од 2009-та година пак, во кој се зборува за црните северно-корејски фармерки извезени во Шведска, се вели дека раководството на Северна Кореја, наводно, сметало дека тексасот во сина боја е „симбол на американскиот империјализам“ со години.

Во меѓувреме, во остатокот од светот, долгата пандемија ги натера дури и оние кои не сакаат мода да се фокусираат на помалку ограничувачките форми на облека.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...