14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСања Саздовска: До Тимот со кој несебично работев на Регионалниот вакцинален пункт...

Сања Саздовска: До Тимот со кој несебично работев на Регионалниот вакцинален пункт Билјанини Извори Охрид

spot_imgspot_img

До
Тимот со кој несебично работев на Региналниот вакцинален пункт Билјанини Извори Охрид

Денеска заминувам за Скопје, од понеделник сум веќе на секојдневните работни обврски во Министерство за здравство кои треба да си продолжат кои дел од некако успевав и од тука да ги завршам.
Ми беше огромна чест да работам со вас, да бидам дел од вас и оваа успешна приказна зашто сте вистински професионалци и ова го кажувам искрено со цело срце.
Вие сте тие со кои заеднички ги изменаџиравме сите ситуации, предвидливи и непредвидливи , заедно научивме и стекнавме нови искуства од кои сите ние понатаму ќе извлечеме свои животни лекции со единствена цел да бидеме уште подобри и поподготвени да умееме да се справиме со нови предизвици.
Овој тим сметам дека го чекаат уште многууу успеси зашто покажавте како заедно и сплотени можеме да дадеме многу за нашите граѓани, но пред се за најранливите категории каде навистина треба да се има огромно срце, а сите вие од административците од општина, до здравствениот персонал го имате покрај огромната професионалност за што изразувам искрена благодарност.
Од срце благодарност и за Сашо Денесковски, човек кој несебично и лично се заложи за овој Регионален здравствен пункт да биде Европски. Со него имавме заеднички предизвици речиси секојдневно, но неговата посветеност, мудрост и грижа беа клучни за да постапиме онака правилно како што нашите Охриѓани и граѓаните од околните места тоа го очекувале од нас.
Саше ти благодарам.
Морам да кажам дека и покрај тоа што речиси 20 години имам искуство во Министерство за здравство, а во моментов сум на позиција државен советник сепак ова беше ново искуство и за мене и позитивен пример за тоа кога еден тим е посветен и има една силна цел, и невозможното или она што навидум изгледа тешко го прави реалност.
Искрено се надевам дека ќе продолжиме со уште низа заеднички задачи, но и дружби.Вие сте подготвени и убедена сум дека одлично се справувате со овој процес кој заеднички од почеток го воспоставивме, а јас стојам на располагање на секој од вас со своето искуство и знаење да помогнам во одредени ситуации доколку сметате дека ви е потребно или пак за дружби понеформални од кои исто така сите заедно може да научиме нешто.
Ви благодарам, вие сте тим со кои сме навистина горди и очекуваме уште многу успеси .

Со почит,
Сања Саздовска
Државен советник
Министерство за здравство

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...