16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаИстечените пасоши на граѓаните во странство ќе важат до 31 декември 2021

Истечените пасоши на граѓаните во странство ќе важат до 31 декември 2021

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

<

Со тоа, како што посочува, конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

-Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство, пишува Османи.

Како што пишуваше 24 Инфо пред два месеци, над илјада македонски граѓани се заглавени во дијаспората поради истечени пасоши и немаат можност да извадат нови. Проблемот е најголем во Австралија и Кина, но има наши граѓани со истечени пасоши и низ цела Европска унија. На социјалните мрежи веќе има и група „Нова процедура за пасош“ во чиј состав се потпишува петиција за решавање на проблемот во најкус можен рок. Петицијата е потпишана од над 3.000 луѓе.

До конечно решавање на проблемот Сите Македонци кои имаат истечени македонски пасоши и се заглавени во странски земји во кои живеат или работат за да извадат нов пасош мора да се вратат во земјава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...