27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаЗабаваНашиот Евровизиски претставник Васил: Сакам да бидам пример за младите деца. ВИДЕО

Нашиот Евровизиски претставник Васил: Сакам да бидам пример за младите деца. ВИДЕО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Васил Гарванлиев (Струмица, 2 ноември 1984) — македонски пејач, баритон. Беше одбран да ја претставува Македонија со песната You на изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам, пред да биде откажано шоуто. Настапувал со многу познати ѕвезди како Нели Фуртадо, Џули Ендрјус, „Њу кидс он д блок“, Енрике Иглесијас, Селин Дион и др.

<

Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а со детската песна „Марионка“ со која настапил на Златно Славејче, станал популарен, а песната станала евергрин. На 10 годишна возраст се преселил со семејството во САД.

Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години.

Од 2018 година повторно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица.

Тој беше дел од емисијата ,,Бекстејџ“ кади ги сподели емоциите, како поминала Евровизија и уште неколку интересни моменти.

– За мене настапот на Евровизија беше остварување на мојот детски сон, сонував дека еден ден ќе застанам пред таа голема сцена и ќе пејам.

– Не ме обесхрабрува тоа што не поминавме во финалето, јас гордо ја претставував Македонија, Македонската Радиотелевизија, и пред се самиот себе си.

– Самото појавување на сцена, сите тие пресови, сите тие интервјуа, и дружења остануваат врежани засекогаш, јас го дадов максимумот, вели Васил.

-Сакам да сум пример на младите деца, пораките од мајките и децата се фантастични, интервјуто е најубавото нештошто се случи дефинитивно, вели Гарванлиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...