26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСопругата на Апасиев: Она што сега Заев го користи веќе беше поставено...

Сопругата на Апасиев: Она што сега Заев го користи веќе беше поставено од Грујо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:

<

Овие, пак, забеганиве со муабетот “Ако ви е Шарени, Грујо ви беше лош?!” Ало бре?! Да, Грујо беше лош – забега во неповрат!

Работеа првите 2 години во некоја ок насока и после кога почнаа да кр адат, заборавија зошто седнале на тие функции.

Си тераа своја лична агенда и штанцаа милиони (милијарди), додека паралелно буквално ги окупираа институциите и државата за свои цели и вечно владеење.

Она што сега Заев го користи како механизам, веќе беше фино поставено од Грујо и компанијата (меѓу кои и многу од луѓето кои денес уште се во дпмне и си тераат политка).

Грујо требаше и мораше да си оди, а богами и да си лежи, заедно со куп други кои не’ држеа заложници и не’ кр адеа. Тогаш мораше да се даде шанса на други (немаше многу избор), кои за жал, сега покажаа дека се и полоши!

Затоа, сега, мора да се даде шанса на нови луѓе, без кр иминално минато, кои не кр аделе државни пари, кои не ослободувале кр иминалци и не местеле судски процеси, кои не се олигарси и сопственици на пола држава.

Кои не се сопственици на бизниси кои ја загадуваат државата, кои не се договараат со ѓа волот заради власт, кои не се вазали на странски амбасади… Не, не бил Грујо најдобриот премиер! Не, не е Заев најдобриот премиер! Можеме подобро и мораме подобро.

Во спротивно, слободно може да ставиме клуч на државава и да си ги спакуваме куферите за било каде, оти тука ќе биде невозможно за живот!

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...