13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаЗабаваЗапознајтего ММА борецот „мини Кабиб- Тежок е само 16 килограми, а висок...

Запознајтего ММА борецот „мини Кабиб- Тежок е само 16 килограми, а висок е околу 106 сантиметри.

spot_imgspot_img

Во изминатите неколку дена нова ѕвезда на интернет стана вирална ширум светот, а тоа е Хасбула Магомедов.

Кој ќе го види за прв пат, мисли дека е дете, но многумина се изненадени кога ќе дознаат дека Хасбула всушност има 18 години.

Роден е со генетско нарушување познато како дварфизам (џуџест раст), па растот му запрел уште на многу рана возраст. Тежок е само 16 килограми, а висок е околу 106 сантиметри.

 

Хасбула има 18 години и потекнува од Русија…..

И покрај видливата пречка во неговиот раст, тоа не го спречи да стане славен и да добие голем број следбеници. Тој редовно објавува видеа на Инстаграм и на ТикТок, во кои покажува како изгледа неговото секојдневие.


Хасбула е познат и како „мини Кабиб“, бидејќи потекнува од рускиот град Махачкала, од каде е и познатиот борец Кабиб Нурмагедов, па затоа често се снимаат заедно.

Тој се здоби со голема популарност во ММА заедницата, а странските медиуми неодамна пишуваа за неговата борбена средба со борецот Абду Розик. Руската атлетска асоцијација на лица со џуџест раст изрази загриженост за организацијата на оваа борба.

Розик е рапер и пејач од Таџикистан, а беше објавено и видео во кое борците ветуваат дека ќе влезат во рингот.

Кабиб Нурмагедов исто така е на видеото и се обидува да ги смири.

Оваа борба го подели интернетот, сепак има и такви кои со нетрпение ја очекуваат борбата и веќе ставаат пари на Хасбул.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...