18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаСветНа разбојник од Албанија му извадиле лажен македонски пасош за два дена-...

На разбојник од Албанија му извадиле лажен македонски пасош за два дена- па со него ограбувал банки и пукал во полиција

На 28 ноември 2018 година во 12,35 часот во една од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи влегол познатиот разбојник Адмир Муратај, потпишал барање за издавање нов македонски пасош, се фотографирал, оставил отпечаток од прст и за два дена станал македонски државјанин со украден идентитет на Пајтим Муча. Пред да дојде во Македонија по Муратај имало веќе распишана меѓународна потерница од Интерпол Атина за убиство на полицајци, вооружени грабежи, употреба на експлозиви.

Ова го открива информацијата на порталот мкд.мк.

Со овој пасош подоцна тој влегува на тирански аеродром и врши друг криминал.

“Четири месеци откако го добива македонскиот пасош, Адмир Муратај беше мозокот на големиот вооружен грабеж на аеродромот Ринас во Тирана извршен на 9 април 2019 година. Тогаш беа украдени 10 милиони евра, а во престрелката со специјалните сили Муратај беше убиен. Македонското МВР овој случај го открива дури на 27 февруари 2020 година”, пишува порталот.

Повеќе детали за скандалозното издавање на македонски пасош на криминалец баран од Интерпол на овој линк

мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...