3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПрестанете да носите храна на гробишта, си правите грев – како е...

Престанете да носите храна на гробишта, си правите грев – како е правилно за Задушница и Духовден

Православната религија, православната цеква признава само бескрвни жртви кои се принесуваат кон Бога или во име на некој наш ближен. Тоа се свеќата, пченицата и лебот.

Со преминувањето, упокојувањето, човекот завршува со световните задоволства, храна, пијалоци,… Од тој момент натаму, тој не може повеќе ниту да се моли за Бог да му ги прости гревовите, па затоа, многу е важна молитвата за простување на неговите гревови, од страна на неговите ближни.

Па така, носењето храна и пијалоци на гробовите има само една паганска, народна симболика. Доколку сепак сте подготвиле храна, наместо да ја оставите на гроб, кај што ќе биде осквернавена од страна на животните, вие, во име на покојниот дајте ја на некој кому му е потребна.

Црквата особено апелира да не се оди на гробишта на Духовден, иако народните верувања се поинакви. Духовден е празник на живите, роденденот на црквата! Има едно погрешно верување меѓу народот дека Духовден се вика поради душите на починатите.

НЕ! Духовден се нарекува поради празнувањето на Светиот Дух, откривањето на третото лице на Света Троица, а не заради душата на починатите! Значи уште еднаш, слегувањето на Светиот дух врз апостолите Христови, нема никаква врска со душите на упокоените.

Духовден е празник на живите, роденден на црквата. Чест и молитва за упокоените се прави во сабота,на задушница и не со гозби на гробиштата, туку со достојно одбележување, молитва за упокоениот за простување на гревовите.

Петар П.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...