Европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, по посетата на македонската владина делегација на Софија, објави ново провокативно видео со кое го повторува ставот дека Македонија е бугарска.
„Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата“, пишува Џамбаски на социјалните мрежи.
Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но дека не може Бугарија да биде изнудувана.