14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 13, 2024
ПочетнаМакедонијаТрифун Костовски разочаран: Полицијата не ми дозволува да го регистрирам мојот 20...

Трифун Костовски разочаран: Полицијата не ми дозволува да го регистрирам мојот 20 годишен голф.

Во целост ви ја прикажуваме објавата на Трифун Костовски..
Министерство за правда, Основен Кривичен суд – Скопје, Јавно Обвинителство на Република Македонија
Почитувани читатели,
Сметам дека јавноста треба да биде информирана за начинот на кој се води постапката против мене, поврзана со стечајот на Еуростандард банка во Основниот кривичен суд Скопје.
Јавноста е информирана дека имотот ми е замрзнат бидејќи е покрената постапка против мене од Јавното обвинителство. Ваквата постапка е измислица на луѓе коишто сакаат да се затскријат зад вистината и да ја делат правдата по нивни терк.
Пред неполни две недели се обидов да го регистрирам моето возило Голф коешто е повеќе од 20 години старо и после сите постапки околу неговата регистрација од полицијата одбиена ми е регистрацијата бидејќи возилото ми е замрзнато. Едно прашувам … ако возилото ми е забрането да го користам, зошто не ми е забрането да живеам во сопствениот дом? Што е целта на овој небулозен чин, да ме казни? Мене! Ако е така, јас по втор пат објавувам моја граѓанска непослушност и возилото ќе го возам во секоја моја прилика кога ќе ми треба, бидејќи технички е исправно, меѓутоа нема печат од полиција. Јавно го повикувам првиот човек на Јавното обвинителство, Јовески, да не молчи, го охрабрувам да преземе поригорозни мерки против мене, ако сум виновен, меѓутоа очекувам да го повлече случајот, и да ми се извини доколку се покаже дека постапката грешно се води.
Истовремено судиите кои ја водат оваа истражна постапка нека си ја преиспитаат својата совест. Ако сметаат дека се чисти пред себе, тогаш бидете убедени живееме во општество без никакво право и правна заштита. Хаосот царува.
Почитувани, како е возможно да целиот свој живот го посветив чувајќи го своето достоинство кое е признаено во многу европски земји и САД, поради мојот хуман, праведен и човечки однос. Во мојата Македонија да се соочам со институции кои се трудат да го разнебитат моето достоинство. Човек сум. САКАМ И ЧОВЕК ДА ОСТАНАМ.
Постапките кои се водени од нашите правосудни органи нанесуваат бол и гнев, бидејќи нема полошо чувство кога од својот сопствен народ и сонародник си понижуван без никакви основи.
Јас продолжувам, а вие кои ги водите институциите на системот мислете му ја. Слободно ве охрабрувам, посегнете и по мојот живот, ама нема да подпаднам под поданичкиот дух којшто владее со вас.
„Понекад се и добар човек умори од своје доброте, јер док је свима био добар, себи је био најгори“
Зарем оваа мудрост од почитуваниот Меша Селимовиќ важи и за мене?
Трифун Костовски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По Џафери и Арсовска, ни ЈП Паркови и зеленило не се надлежни за тревата во Влада

Ниту ЈП Паркови и зеленило немало склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата, информираат од таму по реакциите во...

Осмооделенец ненадејно почина во битолско, му се слошило додека бил на роденден

Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност. Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и...

Брза Реакција на Брисел: ЕУ изрази загриженост и жалење поради неупотребата на уставното име на Северна Македонија

ЕУ брзо реагираше на инаугурацијата на претседателката Силјановска-Давкова, изразувајќи жалење поради неупотребата на уставното име на Северна Македонија од нејзина страна за време заклетвата...

Лазаров: Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот со мојата Македонија!

Своето видување за натпреварот го изнесе селекторот Кирил Лазаров, кој изјави дека ова е еден од посреќните денови во неговиот живот. „Јас сакам да се...