29.9 C
Ohrid
четврток, јуни 26, 2025
ПочетнаМакедонијаНаумче Мојсовски, најавува дека ќе ги укине сите средства на фудбалските клубови,...

Наумче Мојсовски, најавува дека ќе ги укине сите средства на фудбалските клубови, поради непочитување на Преспанскиот договор. 

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директортот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, најавува дека ќе ги укине сите средства на фудбалските клубови, поради непризнавање од страна на ФФМ на законот на државата, односно непочитување на Преспанскиот договор.

<

Во интервју за весникот Вечер, Мојсовски вели дека проблемот лежи во Фудбалската федерација на Македонија

„Законот е јасен за сите, не може 64 федерации кои се признаени од државата и од АМС, да се усогласени со законот за спорт, а една да не е. Тоа е голем проблем затоа што тие не ги почитуваат државните закони, а бараш средства од нас и сè друго. Законот мора да важи за сите и проблемот е тука без разлика дали Сејдини е претседател или некој друг. Прво да заврши ЕП, а потоа, со 99 отсто сигурност можам да потврдам дека ќе ги стопирам сите средства за клубовите поради непризнавање на законот на самата држава. Јас немам друг избор освен тоа да се случи. Тие може да се повикуваат на некаков закон во УЕФА или ФИФА, но клубовите играат во Македонија, шампионот ја претставува нашата земја во ЛШ. Станува збор за Фудбалската федерација на Македонија и ти имаш обврска да ги почитуваш законите на Македонија. … Уште во 2017 година кажаа дека ќе се усогласат со законот, а од тогаш поминаа четири години. Ова нивно однесување води кон анархија, а јас сум против тоа и затоа ќе ги стопирам сите средства. Дури 99 отсто од клубовите се финансираат од АМС и затоа ќе видиме колку е важна државата и законите. Можеби тоа е на штета на клубовите, но не е можно да добиеш поддршка за нешто нерегуларно, да бидеме сооучесници со вас. Јас како спортист нема да застанам, нема враќање назад и ќе го истуркам до самиот крај“, вели Мојсовски.

Додава дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не бил во право кога изјавил дека ФФМ нема обврска да го менува името.

„ФФМ има добиено пари од АМС, од државата, околу 1,4 милиони денари за младински категории во февруари. Ние мора да го испочитуваме Преспанскиот договор и има две опции. Едната е да биде Фудбалска федерација на Северна Македонија, а втората е да биде Фудбалска национална федерација. Нема федерација во Македонија која не примила средства од АМС, освен тие кои се блокирани“, вели Мојсовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...

65 годишна жена од Австралија прегазена во Охрид.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски...

Скопјанецот ја тепал својата 4 годишна ќерка бидејќи се качила на креветот за да ги земе играчките !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против...

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025” – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025” – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди. Викендов , 21 јуни 2025 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската...