16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаИзлезе на слобода командант Тануша, бегалецот осуден на 20 години затвор за...

Излезе на слобода командант Тануша, бегалецот осуден на 20 години затвор за убиство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судијата за извршување на санкции од Основниот кривичен суд во Скопје дури денес поладне добил известување од Основниот суд во Куманово дека за Ајвази Ајдиљраман (37) алијас командант Тануша има пресуда со која судскиот процес во кој тој е осуден на затворска казна од 20 години за убиство, е вратен на повторно судење. По ова известување, судијата за извршување на санкции од Скопје ги известил МВР од каде пред само 4 дена во успешна акција командант Тануша беше фатен по распишана меѓународна потерница, а известен е и затворот во Идризово. За МКД.мк од затворот во Издризово потврдија дека попладнево командант Тануша излезе да се брани од слобода.

<

Тануша од бегалец баран по потерница и осуденик за убиство, е пуштен на слобода.

Пресудата за бегалецот по кого се трагаше за убиство ја донел Основниот суд во Куманово, а потоа е потврдена и од Апелацискиот суд. Со оваа пресуда командант Тануша добил казна затвор во траење од 20 години за убиство.
Согласно Законот за извршување на санкции, бидејќи Ајдиљраман по место живеење се води во Скопје, надлежен за распишување на меѓународна потерница за него е судот во Скопје, од каде ни потврдија дека дури денес добиле известување за укината пресуда.

„Денес попладне Основниот суд во Скопје од каде е распишана потерница за осудениот, доби известување од Основниот суд во Куманово кој е надлежен за донесената првостепена пресуда, дека пресудата на кумановскиот суд е укината од Врховниот суд и предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд Куманово. По добиената пресуда , судијата за извршување на санкции ги извести МВР и затвор во Идризово”, ни одговорија од Основниот кривичен суд во Скопје.

Пред само неколку дена МВР спроведе акција и го уапси командант Тануша во болница во Скопје. По ова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја пофали екипата која ја спроведе акцијата за апсењето на бегалецот.

Но, Основниот суд во Куманово се до денес не испратил известување дека за командант Тануша наместо потерница, сега има укината пресуда од Врховниот суд.

Од МВР велат дека постапуваат по наредба на Судовите, во овој случај на Судот во Скопје кој е единствен кој што може да ја отповика меѓународната потерница. Но, ниту Судот немал известување дека била укината пресудата, па така меѓународната потерница остана активна и командант Тануша беше фатен.

По добиените известувања од судијата за извршување на санкции, затворот во Идризово го пушти да се брани од слобода бидејќи за него постапката се враќа на повторено судење.

Командант Тануша се бараше со меѓународна потерница за извршено кривично дело по член 123.

MKD.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...